29 Март, 2024
0.0274

Пендаровски: Ќе се скенираат операторите кои набавуваат чувствителни технологии

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Македонскиот претседател Стево Пендаровски по првата седница на Советот за безбедност по формирањето на новата Влада, рече дека на втората точка од дневниот ред било заклучено дека ќе се проверат сите оператори кои набавуваат чувствителна  технолошка опрема за државата, согласно НАТО-обврските. Ќе се провери нивната сопственост и дали нивните вредности се на иста фреквенција со вредностите на Алијансата, каде што Македонија членува официјално од март.

- Под втората точка зборувавме за безбедносните импликации со воведувањето на 5Г-мрежата кај нас. Сега како членка на НАТО сме обврзани да ги следиме стриктно сите безбедносни протоколи на Алијансата и тоа како во однос на безбедносниот бекграунд на лицата кои работат на чувствителни места во државниот апарат, така и во однос на воведувањето на дигитални технологии и корпорациите како нивни носители, кои имаат цели и вредности кои се некомпатибилни со целите и вредносните на западната алијанса. Беше заклучено дека Владата и другите надлежни институции во овој домен треба достојно да ги почитуваат правилата на организацијата, каде сме веќе членка со сите права, обврски и одговорности, рече шефот на државата.

Пендаровски рече дека Министерството за надворешни работи ќе подготвува меморандум за разбирање, слично како обврските кои ги имале другите НАТО-членки од регионот, во кој ќе се наведе сопственичката структура на компаниите и колку нивната работа е компатибилна со целите и вредностите на НАТО.

- Нашиот Телеком пред неколку месеци беше во фаза на подготовка на оператор-провајдер на тој тип на услуги, но јасно е дека сите оператори во оваа сфера треба да водат сметка што се наши национални интереси и државни обврски. Ние од март наваму имаме посебен статус, каде што е вклучена и набавката на чувствителни технологии кои ќе ги користиме, додаде Пендаровски.

Тој додаде дека за тоа ќе треба да се променат, како што вели, цела серија на закон, и додаде дека тие кои нема да ги исполнат НАТО-критериумите, нема да може да учествуваат во јавните набавки.

- Ќе има принципи за тоа кој може и кој не може да набавува одредена технологија во нашата држава, рече Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница