ПЕНДАРОВСКИ НА ФБ: „Немам намера да се мешам во кривичните постапки на ЈО“
Објавено во: Македонија 13 Август, 2019
Се огласи на Фејсбук и Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски по реакцијата на Јавното Обвинителство за неговата вчерашна прес-конференција.
„Во обраќањето на вчерашната прес-конференција по ниту еден основ немам направено дискредитација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, ниту пак постои намера за напаѓање на надлежните институции и мешање во кривичните постапки коишто се во тек.
Потенцирам дека во своето обраќање изразив целосна поддршка за надлежните институции, а особено на обвинителството и судот и истакнав дека ќе сторам се, за да ги заштитам од евентуални притисоци при спроведување на истрагата и целосно расветлување на случајот „Рекет“.
Уште еднаш укажувам дека е потребно ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата за случајот „Рекет“ почитувајќи го начелото на презумпција на невиност“, пишува на фебук шефот на државата.