13 Февруари, 2025
0.0507

Пендаровски од Иванов го наследил возилото кое Чулев го бара

Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Автомобилот кој го користел претседателот Стево Пендаровски, а министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, побара да се врати во МВР, бил во претседателскиот кабинет уште кога Ѓорге Иванов ја извршуваше функцијата, дознава и пренесува порталот „А1он“.

Како што се наведува, откако Пендаровски дошол на функцијата, тој не побарал ново или дополнително возило, ниту пак, Министерството за внатрешни работи му доделило на користење нов автомобил.

Ако се точни тврдењата на министерот Наќе Чулев и ВМРО-ДПМНЕ, дека службените возила на МВР се користеле за приватни потреби, тогаш злоупотреба правел и експретседателот Ѓорге Иванов, што значи дека автомобилот, и за време на неговиот мандат се користел за приватни потребни. Засега, Чулев во јавноста, освен тврдењата, не објави докази дека возилата биле злоупотребени.

Шефот на државата пак по ова прашање кажа и дека не го знае мотивот поради кој Чулев бара да се врати возилото.

„Информирани сме дека постои интерен допис во рамките на МВР, преку кој се бара враќање на едно возило кое го користи Претседателот. Не знаеме кој е мотивот за ваквиот допис, но напоменуваме дека безбедноста на претседателот е законска обврска на МВР“, соопштија од претседателскиот кабинет.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!

КАСАМИ: Не само грбот туку и химната треба да се менува

КАСАМИ: Не само грбот туку и химната треба да се менува

Македонец во Стејт Департментот молел да не падне владата на Груевски

Македонец во Стејт Департментот молел да не падне владата на Груевски

БОРИСОВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ ЗА БУГАРИ ВО УСТАВОТ: Toa e aпсолутна првокација

БОРИСОВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ ЗА БУГАРИ ВО УСТАВОТ: Toa e aпсолутна првокација

ЗАПЛЕНЕТИ НАД 188 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА „ТЕШКА“ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - Царина и БЈБ со детали за стопираниот извоз на дрога

ЗАПЛЕНЕТИ НАД 188 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА „ТЕШКА“ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - Царина и БЈБ со детали за стопираниот извоз на дрога

Обвинителството нареди вонреден надзор над загадувачите на воздухот во Скопје

Обвинителството нареди вонреден надзор над загадувачите на воздухот во Скопје

ГОЛЕМИТЕ СИНЏИРИ МАРКЕТИ ЗАРАБОТИЈА КАЗНИ ОД ВКУПНО 82 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД АХВ - нехигиенски држеле и продавале месо, а имало и со поминат рок

ГОЛЕМИТЕ СИНЏИРИ МАРКЕТИ ЗАРАБОТИЈА КАЗНИ ОД ВКУПНО 82 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД АХВ - нехигиенски држеле и продавале месо, а имало и со поминат рок