29 Март, 2024
0.0259

Пендаровски: Уставните судии да се разбудат - Груевски не е господар на нашите животи

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Евентуалната одлука на Уставниот суд со која практично би се активирало помилувањето што кое го даде поранешниот претседател Ѓорге Иванов на осомничени за сериозен криминал што беше предмет на истраги на СЈО, би бил директен удар на демократијата и правната држава, смета претседателот Стево Пендаровски.

„Јас би сакал да апелирам уште во оваа фаза до оние пет судии од Уставен суд кои гласаа за покренување на таа иницијатива, да се разбудат на време и да сфатат дека во оваа земја повеќе Никола Груевски не е господар на нашите животи. Дојдена е демократија во која секој може да каже што сака, но таа демократија подразбира да се почитува правото. Факт број еден. Помилувањето кое го даде Иванов беше акт на неправда, не беше ниту правно засновано, а не беше ниту демократско. Сега вие да расправате за еден акт што ја пробуди досега единствената демократска револуција во нашата земја, во 30 години независност е невиден чин“, рече Пендаровски.

Според него, правно неоснована е иницијативата за оценување на уставнста на членот 11 – а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 – та година.

„Навистина сакам да апелирам до тие луѓе да се свестат, да сфатат што почнале да прават, да се повлечат на време, затоа што правната држава која во меѓувреме со многу маки ја обновуваме во Република Северна Македонија сигурно ќе најде механизми, правни механизми – таа одлука и ако ја донесат, да не биде практично имплементирана, бидејќи тоа ќе биде погубно не само за нашите евроатлански интеграции, туку ќе биде и директен удар на правната држава, директно ќе ги погоди човековите слободи и права и тоа секој разумен и одговорен политичар и институција во оваа земја нема да го дозволи“, потенцира претседателот. 


Можеби ќе ве интересира

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара