24 Април, 2024
0.5054

Пендаровски за „Шпигел“ открива дали Македонија има план Б

Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Северна Македонија нема план Б, нашиот план Б е почеток на преговорите до крајот на годината, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју за германски „Шпигел“.

„Германија е наш најважен партнер, таа беше еден од актерите на Преспанскиот договор и во Берлин многу добро ја познаваат политичката ситуација во нашата земја“, вели Пендаровски за „Шпигел“.

Според него, Преспанскиот договор бараше огромна храброст и визија, и верува дека тоа го сфатиле и во Германија. 

Германскиот весник интервјуто со Пендаровски, објавено непосредно пред почетокот на неговата дводневна посета на Германија, го почнува со Договорот од Преспа, за кој вели дека е без преседан во поновата историја на Балканот.

„Шпигел“ пишува дека „ниту една земја не го сфати така сериозно како Македонија“ тоа дека „најважниот принцип на политиката на Брисел кон Западен Балкан“ е „мирното решавање на конфликти и регионална соработка“. 

Весникот пишува и за ставањето во пакет на Албанија и Северна Македонија и добивањето заеднички термин за почеток на пристапни преговори, со што оценува дека сепак проблемите на нашата земја со владеењето на правото и со корупцијата се помали во однос, на хаотичната политичка ситуација во Албанија.

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

„ЗНАМ ИСПИШУВА НОВА ПОЛИТИЧКА ИСТОРИЈА“: Максим Димитриевски вели, ЗНАМ е третата политичка опција во државава

„ЗНАМ ИСПИШУВА НОВА ПОЛИТИЧКА ИСТОРИЈА“: Максим Димитриевски вели, ЗНАМ е третата политичка опција во државава

ДАВКОВА ОДРЖА ПОБЕДНИЧКИ ГОВОР: Ќе ја направиме Македонија пристојно место за живеење, во која ќе владее правото

ДАВКОВА ОДРЖА ПОБЕДНИЧКИ ГОВОР: Ќе ја направиме Македонија пристојно место за живеење, во која ќе владее правото

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски: Научена лекција, но не и пораз

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски: Научена лекција, но не и пораз

„И КОГА ГУБЕА, ЈАС БЕВ ТАМУ, СЕГА СУМ ДОМА“ - реакција на Нора Шаќири по изборите

„И КОГА ГУБЕА, ЈАС БЕВ ТАМУ, СЕГА СУМ ДОМА“ - реакција на Нора Шаќири по изборите

„ЗА СЕКТА, СЕКТАШКИ РЕЗУЛТАТ“: Се огласи и Боки 13

„ЗА СЕКТА, СЕКТАШКИ РЕЗУЛТАТ“: Се огласи и Боки 13

Бујар Османи прогласи победа во Тетово и Гостивар

Бујар Османи прогласи победа во Тетово и Гостивар

НИЗ СКОПСКИТЕ УЛИЦИ СЕ ВЕАТ ЗНАМИЊА НА ВМРО-ДПМНЕ: Со автомобили и свирежи симпатизерите ја слават победата на Давкова

НИЗ СКОПСКИТЕ УЛИЦИ СЕ ВЕАТ ЗНАМИЊА НА ВМРО-ДПМНЕ: Со автомобили и свирежи симпатизерите ја слават победата на Давкова

„ОВА ОДНАПРЕД ЗАВРШУВАЊЕ НА ТРКАТА ГО СМЕТАМ ЗА ПРЕУРАНЕТО“ - Ванковска вели дека тоа ја убива волјата на граѓаните

„ОВА ОДНАПРЕД ЗАВРШУВАЊЕ НА ТРКАТА ГО СМЕТАМ ЗА ПРЕУРАНЕТО“ - Ванковска вели дека тоа ја убива волјата на граѓаните