Пендаровски: Законот за јазици дава преголемо право
Објавено во: Македонија 04 Декември, 2019
Според македонскиот претседател Стево Пендаровски, мислењето на Венецијанската комисија за Законот за јазици е дека со истиот се даваат премногу права кои одат и преку стандардите на демократијата.
- Венецијанската комисија не проверува даи овој закон одговара со македонскиот устав, туку со европските практики. Од таму велат дека тој е дури над европските стандарди, што е за пофалба. Прашањето е делаи ние имаме ресурси да го имплементираме на сите нивоа. Судење во разумен рок нема да има ако се бара превод секаде. Тоа ќе создаде практичен проблем во апликабилноста. Од таму велат „Многу права, скрати ги“, рече Пендаровски, одговарајќи на едно од прашањата од публиката во синоќешното гостување во емисијата „24 Отворено“.
Шефот на државата додаде дека истиот закон ќе го потпише доколку е според уставот на Македонија.
На барање на Премиерот на Македонија, Зоран Заев, Венецијанската Комисија подготви мислење на последните измени на Законот за Јазици но конечните заклучоци се доработуваат/
Главната забелешка е поврзана со институциите, кои немаат јасна претстава во кои случаи треба да го практикуваат овој Закон, но како најголемиот проблем го гледаат во имплементацијата на истиот во судските постапки.