19 Април, 2024
0.0278

Пендаровски: Зошто изјавата за иселувањето се стави во дневно политички пресметки

Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателот Стево Пендаровски смета дека неговата искрена изјава дадена на Регионалниот младински форум во Нови Сад, не треба да се става во дневно-политички пресметки. 

Ова следува откако претседателот на Форумот рече дека и тој би се иселил од земјава, да не е претседател, а потоа опозицијта тоа го искористи за да ја критикува Владата.

„Ја разбирам потребата за дадената изјава на Регионалниот младински лидерски форум во Нови Сад да биде врамена во дневни партиско-политички пресметки, но трендовите во целиот регион и кај нас се неспорни. Губиме висококвалификуван и млад кадар. Одговорноста е на сите политички водства, од независноста до денес. Вклучително и моја. Доколку немаат суштинска европска перспектива, поголеми плати и поквалитетен живот, младите ќе продолжат масовно да се иселуваат. Младите мора да имаат прва шанса да успеат дома“, соопштија од Кабинетот на претседателот. 

Инаку, Пендаровски, од Форумот за млади лидери во Нови Сад истакна дека на младите во регионот не им била дадена шанса и дека имаат право да одат и да бараат работа во светот, ако политичарите не им дадат соодветна перспектива.

„Тие имаат само еден живот, сите ние имаме само еден живот, и никој не е луд да го троши додека преговорите со ЕУ траат со години, при што просечната плата во мојата земја е 400 евра. Да не бев претседател, и јас ќе се иселев од мојата земја“, рече Пендаровски. 

Ова го искористи опозицијта за веднаш да ја искритикува Владата.

„Да блескавме како економија и држава како што тврди Зоран Заев и Владата, немаше и Стево Пендаровски да сака да се исели од Македонија. Попусти се сите фингирани бројки од владата кои со розови очила ја гледаат црната реалност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во своето писмено соопштение.

Најголемиот доказ, според нив, дека Македонија оди во погрешен правец со Заев и СДСМ, го дал претседателот Стево Пендаровски од Белград, кој јавно на регионален форум во Нови Сад кажа дека и тој ако не би бил претседател на државата би се иселил. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите