ПЕНТАГОН ОБЈАВИ: Бројот на повредени во нападите на базите во Ирак бил поголем
Објавено во: Свет 11 Февруари, 2020
Обелоденето е колку војници беа повредени при нападите на американските воени бази во Ирак минатиот месец.
Бројот на повредени војници во иранскиот напад врз воена база во Ирак на почетокот од јануари се искачи на 109, или 45 повеќе од бројот пријавен кон крајот на јануари, објави денеска Пентагон.
Од 109 војници кои добиле благ потрес на мозокот, 76 или 70 проценти се вратиле на должноста, информираше Министерството за одбрана на САД во извештајот објавен вчера.
Техеран истрела ракети кон две бази во кои биле сместени 5.200 американски војници во Ирак, ноќта на 7-8 јануари.
Ова беше одговор за убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани кое се случи на почетокот на 2020 година.