Пензионери, денес ќе ви „легнат“ пензиите-проверувајте сметки
Објавено во: Економија 26 Октомври, 2021
Од денеска стартува исплатата на пензиите откако пред неколку дена беше усвоена препораката на Владата.
Овој вторник пари на сметки први ќе добијат оние пензионери чија пензија изнесува до 11 илјади денари, а утре и задутре пензија ќе има за оние до 14 илјади, односно 18 илјади денари.
Во петок пак, пензија ќе земат оние со пензии над 18 илјади денари.