24 Април, 2024
0.0270

ПЕНЗИОНЕРИ, ТРУДНИЦИ, ЛЕКАРИ - за нив ќе има бесплатна вакцина против сезонски грип

Објавено во: Македонија 08 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во изјава за телевизија Алсат истакна дека ресорното министерство презема чекори за зголемување на болничките капацитети со 16 нови ковид центри, зголемување на капацитетите за брза дијагностика, како и зајакнување на медицинскиот персонал во пресрет на есенскиот евентуален нов бран од ковид-19.

Тој потенцираше дека се подготвуваат 16 ковид центри по примерот на монтажната модуларната болница, која се наоѓа веднаш до Инфективната клиника. Со овој чекор, се зголемува бројот на болнички кревети во сите болници низ територијата на цела Република Северна Македонија. Преку овој начин, целосно ќе се оделат овие пациенти со ковид-19 од редовните програми на болниците. Во центрите ќе има брза дијагностика. Веднаш да се знае после приемот дали пациентот е носител или не на вирусот. Да се знае по која патека да се движи. Младите лекари, кои добија лиценци за работа веќе прифатија огромен дел од нив пред неколку недели, да работат со своите постари колеги.

Во изјавата на телевизија Алсат, министерот Филипче посочи дека дел од стратегијата е двојно зголемување на бесплатните сезонски вакцини против грип. Вакцината нема да биде задолжителна, но е важна мерка за заштита за луѓето од најранливите групи.

„Ќе ги вакцинираме сите лица постари од 65 години, пензионери, ќе има вакцина и за здравствените работници, за трудниците…тие коишто сметаме дека најмногу треба да се заштитат. Верувам дека ќе има добар одзив, и дека ќе прифатат вакцинација. Да се заштитат барем од сезонскиот грип, заради тоа што за тоа има заштита-вакцина. Сега гледаме колку е вакцинацијата битна, кога се соочуваме со болест за која што нема вакцина“ - изјави Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

ДО ДИК ДОСТВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ДО ДИК ДОСТВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред