24 Април, 2024
0.0289

Пензионерите чекаат, УЈП на потег за електронската регистрација

Објавено во: Економија 21 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Пензионерите не можат да се снајдат со електронското регистрирање на Е-персонален данок, а од Управата за јавни приходи велат дека до крајот на оваа недела ќе излезат официјално со соопштение какво решение нудат за оваа категорија на граѓани.

Постарите даночни обрзници не се во состојба сами да се регистрираат електронски.

„Јас им реков на пензионерите да не брзаат затоа што од УЈП најавија дека ќе кажат дали има некој пропис, дали на пензионерите ќе им се олесни регистрирањето. Штом ќе биде соопштено ние ќе ги информираме. Индивидуално е, можеби некој се регистрирал со помош на блиските, но голем број пензионери ниту знаат да ракуваат со компјутер ниту пак имаат свој компјутер“, вели Спирко Николовски, претседател на Здружението на пензионери Куманово.

Томе Димитровски, претседател на Здружението на пензионери Битола, рече дека пензионерите треба да бидат внесени во системот за да има евиденција, но според него, мора некој од УЈП да им помогне за пополнување на образци, и да има соработка.

„Разбираме дека евиденција мора да има, но пензионерите не знаат тоа да го направат сами, и добро е да дојде некој од кај нив кај нас во канцелариа, да помогне старите луѓе да се регистрираат“, рече тој.

Заклучно со 20.11.2018 до 8:30, на системот е-Персонален данок се регистрирале 258. 630 физички лица, а до овој момент уште 123.948 се најавени на системот и се во процес на одобрување.  

„Овој број на регистрации, забележан на повеќе од месец дена пред истекот на крајниот рок е задоволителен и е резултат на напорите на Управата за јавни приходи да овозможи непречена регистрација на граѓаните.  Неодамна е направена и оптимизација на системот, со што е овозможена масовна регистрација на даночните обврзници.  Во населените места каде што УЈП нема постојани даночни канцеларии, како и на локации каде во соработка со општините е утврдено дека има потреба, во функција се таканаречените “мобилни даночни шалтери”.  Преку нив,  граѓаните, како и приватните фирми,  без да го напуштат местото на живеење, односно седиштето, имаат можност да ги достават сите видови на даночни пријави или барања, како и да ги подигнат документите кои ги издава УЈП.  Преку мобилните даночни шалтери се врши регистрација и на даночни обврзници, вработени во државните и јавните инсититуции, како што се министерствата, училиштата, болниците  други“, велат од УЈП.

Земајќи го предвид темпото на секојдневното живеење, Даночите канцеларии (Регионални дирекции, даночни одделенија и даночни шалтери), се отворени за граѓаните и во саботите од 8 часот наутро до 14 часот, кога можат да се регистрираат на системот на е-пдд.

Претходно граѓаните кои земаа само пензија или плата не без обврзани да поднесуваат Годишно даночни пријави. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела