Пензионерите и се заблагодарија на Владата за бесплатниот превоз и за слободното движење
Објавено во: Македонија 29 Мај, 2020
Сојузот на здруженија на пензиoнерите на Македонија (СЗПМ) ги поздравува мерките на Владата за слободно движење на сите граѓани, вклучувајќи го и повторното враќање на бесплатниот автобуски превоз за корисниците на пензија во вторник, петок, сабота и недела.
Од таму сепак апелираат до пензионерите разумно да го користат бесплатниот јавен автобуски превоз, односно само кога имаат неопходна потреба за тоа.
– Се апелира до пензионерите доследно да ги почитуваат мерките за носење маски и одржување на социјална, односно физичка дистанца, а автобускиот превоз да го користат само во случаи кога тоа е неопходно потребно. Се упатува апел и до сите приватни и државни субјекти (банки,пошти, маркети и др. ) предност да се дава на пензиoнерите бидејќи тие се ризична целна група каде степенот на превенцијата треба да биде на повисоко ниво, се вели во соопштението од Сојузот на здруженија на пензиoнерите на Македонија.
Сојузот бара од Владата да ја преиспита можноста и пензионерите да бидат вклучени во третиот економски сет на државна помош со цел зголемување на приватната и јавната потрошувачка.