25 Јуни, 2022
0.0258

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ „ПОТЕШКИ“ ПЕНЗИИ ЗА 1.000 ДЕНАРИ - од понеделник стартува исплатата

Објавено во: Економија 27 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 30.05.2022 год. (понеделник) почнува етапната исплата на мајските пензии, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.

Пензија повисока за 1.000 денари ќе добијат повеќе од 330 илјади пензионери со исплатата на мајската пензија преку договорената директна финансиска помош за три месеци.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2022 година (понеделник);

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2022 година (вторник);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.06.2022 година (среда); и

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.06.2022 година (четврток).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 30 мај (понеделник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред и во банките со цел заштита на личното и јавното здравје.

Можеби ќе ве интересира

МОРАМЕ ДА ЈА ПОСКАПИМЕ СТРУЈАТА, НА СВЕТСКО НИВО ЦЕНАТА ЕНОРМНО СЕ ЗГОЛЕМИ - ЕСМ за понудената цена за седум евра повисока од претходно

МОРАМЕ ДА ЈА ПОСКАПИМЕ СТРУЈАТА, НА СВЕТСКО НИВО ЦЕНАТА ЕНОРМНО СЕ ЗГОЛЕМИ - ЕСМ за понудената цена за седум евра повисока од претходно

ОТПРЕМНИНА ОД 1.000 ЕВРА ГОДИШНО ЗА СИТЕ 500 РАБОТНИЦИ КОИ ЌЕ БИДАТ ВИШОК - работниците на Фиат кај Вучиќ, еве кои се барањата

ОТПРЕМНИНА ОД 1.000 ЕВРА ГОДИШНО ЗА СИТЕ 500 РАБОТНИЦИ КОИ ЌЕ БИДАТ ВИШОК - работниците на Фиат кај Вучиќ, еве кои се барањата

ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ОД УТРОВО ВО ПОРАСТ - пазарот на криптовалути позелене

ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ОД УТРОВО ВО ПОРАСТ - пазарот на криптовалути позелене

Нетфликс отпушта 300 вработени, компанијата со мерки за намалување на загубите

Нетфликс отпушта 300 вработени, компанијата со мерки за намалување на загубите

ЕСМ нуди за 17 отсто поскапа струја кон ЕВН, финалната цена ќе ја утврди Регулаторна

ЕСМ нуди за 17 отсто поскапа струја кон ЕВН, финалната цена ќе ја утврди Регулаторна

Го тестиравме Huawei Watch GT Pro 3 - Моќен придружник за поголем успех

Го тестиравме Huawei Watch GT Pro 3 - Моќен придружник за поголем успех

ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра

ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра

ФАБРИКА „КАРПОШ“ ЌЕ КУПУВА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ - одлуката ја донесе Собранието на акционери, сумата е 772 илјади евра

ФАБРИКА „КАРПОШ“ ЌЕ КУПУВА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ - одлуката ја донесе Собранието на акционери, сумата е 772 илјади евра

Земјоделци и фармери за три месеци во осигурување вложија 2 милиони евра

Земјоделци и фармери за три месеци во осигурување вложија 2 милиони евра