16 Април, 2024
0.0252

УО НА МОК ДОНЕСЕ ДВЕ ЗНАЧАЈНИ ОДЛУКИ

Перо Антиќ на чело на Олимпискиот совет и усвојување на меморандумот за автономија и независност

Објавено во: Мои пари 22 Март, 2019

Добивај вести на Viber

На својата 117-та седница, Управниот одбор на Македонскиот олимписки комитет донесе Одлука, Перо Антиќ, да биде претседател на Олимпискиот Совет на МОК. Претседателот на Олимпискиот совет е во исто време и член на Управниот одбор на МОК. Претседателот на Олимпискиот совет на МОК ќе работи во насока на развојот и омасовувањето на олимпиското движење во државата, но и ќе делува на планот на популаризација на спортот и олимпизмот во државата.

На оваа седница, УО на МОК ја усвои иницијативата на Меѓународниот олимписки комитет и на Меѓународните спортски федерации во кои членуват Националните спортски федерации од државата, да се потпише МЕМОРАНДУМ ЗА ПАРТНЕРСТВО, СОРАБОТКА И ПОЧИТУВАЊЕ НА ОСНОВНИТЕ ПРИНЦИПИ НА АВТОНОМИЈА И НЕЗАВИСНОСТ ПОМЕЃУ ОЛИМПИСКИТЕ И СПОРТСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ. Овој документ е креиран врз основа на блиската соработка помеѓу ИОК и Организацијата на Обединетите нации (ООН) во која членува и Република Северна Македонија, во рамките на кои ИОК ужива статус на набљудувач, а особено е во соглсаност со принципите наведени во Резолуцијата A/RES/69/6 на Генералното собрание на Обединетите нации усвоена на 31 октомври 2014 година, со која ООН посебно ја потенцират независноста и автономијата на спортскиот систем. Овој документ е во согласност, поддржан е и е одобрен со многу Одлуки, резолуции и препораки од Обединетите Нации, Европската Унија, Генералното Собрание на Советот на Европа, Европскиот суд на правдата и на другите владини меѓународни институции. УО на МОК предложи да започне комуникација и дискусија помеѓу Македонскиот олимписки комитет и Националните спортски федерации од една страна и Агенцијата за млади и спорт од друга страна која ќе резултира со потпишување на овој Меморандум и негова имплементација во новиот Закон за спорт.

Можеби ќе ве интересира

„Сакам да работам“ до кандидатите и партиите: Не ги ставајте игрите на среќа во кампањите

„Сакам да работам“ до кандидатите и партиите: Не ги ставајте игрите на среќа во кампањите

ЗЛАТЕН ДАБ – ЕВОЛУЦИЈА НА ИЗГЛЕД И ВКУС

ЗЛАТЕН ДАБ – ЕВОЛУЦИЈА НА ИЗГЛЕД И ВКУС

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак

Алкалоид АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

Алкалоид АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!

Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!