29 Март, 2024
0.0279

Перпетуална обврзница: Како „Унибанка“ ќе влезе во корпоративната историја на Македонија?

Објавено во: Економија 19 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Комисијата за хартии од вредност одобри издавање на перпетуална обврзница со која „Уни банка“ во приватна понуда за познати инвеститори. Тоа значи дека „Уни банка“ ќе добие свежи 5 милиони евра, а оваа хартија од вредност во иднина ќе може да ја збогати понудата на хартии од вредност на македонскиот пазар на капитал, затоа што оваа обврзница ќе може да се тргува на некој од пазарните сегменти на Македонската берза за хартии од вредност.

Имено, „Унибанка“ ќе влезе во корпоративната историја на Македонија како прва компанија т.е. банка која издаде перпетуална обврзница. Нејзината вредност е 5 милиони евра, а ја купиле инвеститори во приватна понуда.

Во соопштението на Комисијата за хартии од вредност пишува: „Комисијата го призна како хартија од вредност е препознаен во легислативата од доменот на банкарството и во моментов во Република Македонија може да биде издаден само од банка. "УНИ банка" АД Скопје за овој инструмент ќе побара прием на котација на "Македонска берза" АД Скопје, со што ќе се збогати понудата на пазарот на хартии од вредност. Перпетуалната обврзница е веќе прифатена на пазарите на капитал во развиените држави, пред сѐ од страна на институционалните инвеститори.“

Во интервју за „Фактор“ Владислав Хаџидинев, извршниот директор на „Унибанка“ рече дека се одлучиле за овој инструмент затоа што ги комбинира атрибутите на обврзниците и на акциите. 

-Малите акционери нема да бидат оштетени, напротив, овој вид на инструмент е и во нивна полза, бидејќи овозможува докапитализација на банката, раст на кредитите и добивката, вели во интервју за Фактор Владислав Хаџидинев, Извршниот и Главен директор за финансии на УНИбанка. 

Вели дека растот на добивката е клучен за раст на вредноста на банката. Банката предложи да издаде таканаречена перпетуална обврзница во вкупна вредност од пет милиони евра по пат на приватна понуда, со годишна камата од 9 отсто во првите пет години. Хаџидинев вели дека обврзниците ќе можат да ги купат и домашни и странски инвеститори, а после тие ќе котираат на берзата па ќе бидат достапни и за повеќе вложувачи. УНИбанка има значаен раст годинава, а парите од овој капитален инструмент повторно ќе се користат за зголемување на кредитниот раст, рече Хаџидинев.

Кои се најважни атрибути на оваа обврница?

Обврзницата има пазарно својство и таа е пренослива што значи дека ќе може да се тргува на пазарот на капитал. Таа не е конвертибилна, таа не е обезбедена, но затоа има фиксна годишна каматна стапка од 9 отсто за првите пет години. После петта година каматната стапка е 11%. Вредноста на емисијата е 5 милиони евра во апоени од по 1.000 евра обврзница и наменета е за познати купувачи, а ќе се реализира со приватна понуда. Парите од продажбата на обврзницата ќе бидат вклучени основната главнина на банката, а ќе се наменат за поддршка на кредитниот пораст.


Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?