25 Април, 2024
0.0306

Пешевски во Индијанаполис ги претстави инвестициските можности на Македонија

Објавено во: Економија 16 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Владиниот економски тим предводен од вицепремиерот Владимир Пешевски ги презентираше можностите за инвестирање на бизнис форум во Индијанаполис, САД. Како што соопшти Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, четириесетина претставници на компании од поширокиот регион на Индијанаполис слушнаа за поволните деловни услови што ги нуди Република Македонија. Бизнис форумот беше организиран во партнерство со Стопанската комора на Индијанаполис, „Индѕ Цхамбер”, и Интернационалниот центар на Индијанаполис. Економскиот тим посети и две глобални компании кои произведуваат автомобилски компоненти. На средбите со извршните тимови на компаниите беа презентирани инвестициските можности во автомобилскиот производствен сектор, како и успешните примери на интернационалните компании од оваа индустрија кои веќе имаат операции во Македонија. Претставниците на компаниите ги презентираа плановите за нивните инвестициски проекти во Европа. Во економската владина делегација со вицепремиерот Пешевски се и министерот за странски инвестиции Бил Павлески, директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо, амбасадорот на Република Македонија во САД Зоран Јолевски, како и економскиот промотор Дејан Величков. Делегацијата продолжува со роудшоуто во понеделник, со бизнис форум во Милвоки.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија