24 Април, 2024
0.0288

Пет членови на Азовстал под заштита на Ердоган до крајот на војната: ослободени 215 Украинци

Објавено во: Свет 22 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Од руско заробеништво вративме 215 луѓе, бранители на челичарницата Азовстал и градот Мариупол, воини на Азов, припадници на Националната гарда, маринци, граничари, полицајци, припадници на територијалната одбрана и луѓе од Службата за безбедност. Сега се безбедни, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот Твитер профил.

Според нашите договори со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додаде тој, петте ослободени команданти на Азов ќе бидат под лична заштита на Ердоган во Турција до крајот на војната.

„Тие ќе можат да ги видат своите семејства. Искрено му благодарам на претседателот Ердоган за неговата водечка улога во ослободувањето на нашиот народ“.

Од руско заробеништво беа ослободени и 10 странски државјани (пет Британци, двајца државјани на САД, државјани на Мароко, Шведска и Хрватска) во знак на благодарност за помошта на нашата земја.

„Тие ќе се вратат дома со посредство на Саудиска Арабија.Навистина сум им благодарен на сите што придонесоа“, рече Зеленски.


Зеленски рече дека најтешките преговори биле околу ослободувањето на петте високи украински команданти, меѓу кои и потполковникот Денис Прокопенко, командант на баталјонот Азов, неговиот заменик Свјатослав Паламар и Серхи Волински, командант на 36-та поморска бригада.

Тројцата беа водачи на отпорот во Мариупол и сега, како и другите двајца кои не се именувани, ќе останат во Турција до крајот на војната, рече Зеленски.

Како дел од договорот, Украина врати 55 Руси и промосковски Украинци, вклучувајќи го и Виктор Медведчук, лидерот на забранетата проруска партија обвинета за предавство и кум на Владимир Путин.

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата