Пет години не се бара финансиски отчет од МПЦ
Објавено во: Економија 06 Декември, 2018
За годината 2012-та е последната регистрирана завршна сметка што ја направила Македонската православна црква, објави Нова ТВ, повикувајќи се на документ издаден од Централниот регистар.
МПЦ последниве денови е на удар на негативно мислење на јавноста за продажбата на сопствената парцела спроти хотелот „Холидеј Ин“ во строгиот центар на Скопје, а за што треба да добие станови од новите градби како компензација.
Нова ТВ тврди дека без книговодствен биланс од пет години Црквата се става во привилегирана ситуација и надвор од Уставот и законите.