Пет српски општини прогласија вонредна состојба поради невреме
Објавено во: Балкан 20 Јули, 2021
Силно невреме ja погоди Србија, а пет општини прогласија вонредна состојба.
Во Општината Чуприја е прогласена вонреда состојба поради штетата предизвикана од невремето. Вонредна состојба е прогласена и во општините Петровац на Млада, Лебане, Црна Трава и Бела Паланка, јавуваат српските медиуми. Српскиот хидрометереолошки завод издаде предупредување за силни врнежи во подрачјето на Банат и во јужниот дел од државата на границата со Македонија.
Деновиве невреме имаше и во Хрватска и БиХ.