25 Април, 2024
0.0258

ПЕТ ЗНАЦИ дека треба да дадете отказ во 2017

Објавено во: Стил 11 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Нова година и Божик поминаа, празничното расположение спласна, и сега, нераположени се враќате на работа. Не грижете се, не сте сами.

Според некои истражувања, денот кога вработените даваат најмнгу откази е 31 јануари. Како што пишува Гардијан, постојат и објаснувања за тоа. Вработените, кои на крајот на декември и почетокот на јануари се на одмор, имаат време да се видат со пријателите, семејството, но и малку да застанат, и размислат во кој правец би сакале да одат. Сите идеи се искристализираат на крајот на јануари.

Ако забележите некој од овие знаци, можеби е време да го свртите листот,  да тргнете во друг правец.

1. Опсесивно гледате на часовникот

Сите сме се нашле во ситуација едвај да чекаме да помине работниот ден. Но, ако повремено погледот на часовникот се претвори во опсесивна дневна рутина на проверка колку време останало до крајот на работниот ден, тогаш сигурно дошло време за промена на работата.

2. Во недела вечер ве фаќа депресија

За повеќето вработени, викендот е време да се опуштат и дружат. Но, ако сте несреќни на работа, викендот се превора во еднодневна ужина, со неделата во која болно одбројувате до почетокот на работната недела.

Експертите во овој случај препорачуваат во недела попладне или навечер да издвоите неколку часа да побарате нови работни можности. Средете го свеото CV, LinkedIn профил, погледнете ги сајтовите кои нудат работа ...

3. На пријателите и семејството му е доста од вашето кукање

На работа молчите и трпите, а потоа кога дојдете дома, не можете да се запрете-се жалите, оговарате, имитирате, ...Не е ни чудно што на вашите пријатели, партнер и семејство им дошло преку глава. Ако вие не сте сигурни, тие знаат дали ви е потребна промена на работата. Затоа послушајте ги, наместо што ги затрупувате со бескорисни информации од работата

4. Кога ве прашаат што правите, вие ја почнувате реченицата со здив

Го сретнете пријателот кој долго не сте го виделе. Кога ве праша: А со што се занимаваш? или Каде сега работиш?, ве облие ладно чуство, гледате во под и го почнувате одговорот со долг здив, и мрморење како „Привремено е , ништо возбудливо“. Тоа никако не е добар знак а и укажува дека е време да ја смените работата.

Ако некој возбудено раскажува како му е одлично на работа, немојте тоа да ве обесхрабри или турне во депресија. Неко биде светол пример како е можно да пронајдете добра работа.

5. Не добивате признание, ниту доволно ве почитуваат

Ако вашиот надреден не го забелжува вашиот дорпинос, без разлика колку е експерт или квалитетен како работник, очигледно е дека вашиот напреок во моменталната компанија е многу ограничен. Затоа е подобро да преземете иницијатива, и да направите нешто за себе.

И еден бонус совет:

Ако уште не сте разговарале со својот шеф за тоа како се чуствувате, погрижете се тоа да биде првата работа која ќе ја направите кога после празниците се вратите на работа. Тоа би можело да биде разговор кој ќе промени се.

Обидете се, ништо нема да изгубите.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти