20 Април, 2024
0.0332

ПЕТГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ИСЧЕЗНА ОД ГРАДИНКА, МАЈКАТА МОЛИ ЗА ПОМОШ: Го пребаравме скоро цело Кладово, но моето дете го нема

Објавено во: Балкан 21 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Од градинката во Кладово утрово околу 10 часот исчезна и до сега не е пронајдено петгодишното девојче Нина А.

Полицијата и мештаните трагаат по неа, а како што пренесуваат српските медиуми девојчето се уште не зборува.

Мајката на исчезнатото девојче Сања Анѓелиќ вели дека немало никакви знации дека ќе дојде до ваква ситуација.

- Ја однесов утрово во градинка и се беше нормално. Таа беше облечена во светло розова јакна. Околу 10 часот ми се јавија наставниците. Бев на работа. Ми кажаа дека моето дете го нема. Нејзината група деца биле во дворот и кога влегле внатре, наставниците утврдиле дека моето дете го нема. Во паника се упатив кон градинката. Оттогаш го пребаравме цело Кладово и ништо - низ солзи раскажува вознемирената мајка и додава дека никој од градинката со часови не и се јавува на телефон.

Нина наскоро ќе наполни пет години, но според нејзината мајка, девојчето слабо комуницира. Дворот на градинката е ограден, но не и заклучен. На никого не му е јасно како малото девојче незабележано излегло.

Родителите апелираат доколку се види девојчето веднаш да се повика полиција.

- Аларм за цело Кладово! Итно! Исчезна мало девојче. Руса коса врзана во опавче, шишки, розова јакна. 5 години. Не зборува, ако го видите, јавете се на 192 – пишува во објава која кружи на социјалните мрежи.

Српски „Телеграф“ пишува дека целиот град ја бара малата Нина, но и дека екипите на полицијата се таму, распоредени низ цело Кладово. 

Цел град ја бара малата Нина (5) која денеска побегна од градинката во Кладово. Екипите на МУП, како што дознаваме, се распоредени насекаде низ Кладово. Подигнати се и два дрона.

Според неофицијални информации, постои сомневање дека девојчето се изгубило во шумата, а бидејќи тој терен е неистражен, потрагата е отежната.

- Акцентот е ставен на пребарувањето на шумата и најголеми се шансите девојчето да е токму таму - вели соговорник на Телеграф запознаен со потрагата.

Да потсетиме, мајката на Нина за Телеграф изјави дека ги пребарале сите игралишта и дека се плаши дека девојчето од страв се сокрило некаде.

Фото: Телеграф.рс

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест