Петнаесета земја го повлекува признавањето на Косово, вели Дачиќ
Објавено во: Балкан 16 Август, 2019
Петнаесета земја го повлекува признавањето на Косово, вели Дачиќ
Србија следната недела ќе го објави името на земјата што ја повлече или суспендираше својата позиција за признавање на Косово, оваа држава ќе биде 15-та земја по ред, објави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Дачиќ не прецизираше за која земја станува збор, но изјави дека во договор со државниот врв е решено да ја објави следната недела.
„Не сакавме да се чини како да се занимаваме со Квинт“, рече Дачиќ, потсетувајќи се на неодамнешното барање на петте водечки западни земји за Србија да престане со својата кампања за повлекување на признавањето на Косово, пренеуваат медиумите од регионот.
Дачиќ додаде дека земјата, која сè уште не е именувана, веќе испратила белешка до Приштина за нејзината позиција и дека Србија нема да престане со својата дипломатска кампања.
„Ние не ја запираме таа политика. Овие земји сега се преиспитуваат самите себе. Не можеме да им кажеме сега: откажете се од сето тоа, тоа би било несериозно“, рече Дачиќ. Според него, во овој момент помалку од 100 држави ја признаваат независноста на Косово.