23 Април, 2024
0.0280

Петрушевски: Само со нашата истрајност ќе победиме, сите емисари си отидоа дома

Објавено во: Македонија 20 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Aктерот Ванчо Петрушевски вечерва на протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ рече дека ако треба ќе останат уште 1000 или 5000 дена, затоа што знаат за што се дојдени. 

Вели дојдени се за да го одбранат она што им е свето,  името, татковина, Македонија. 

„Само со нашата истрајност ќе победиме. Сите странски емисари си отидоа, платениците на Сорос се вратија посрамени дома. Хан, Могерини, Билт, Туск се вратија дома. Испратија пропаднати соросоиди да не убедуваат да ја прифатиме Тиранската платформа. Замислете, европратеници кои не ги сакаат ни во нивните држави. Туск не смее да се врати дома, му излегоа да го бркаат. Тие доаѓаат правда да ни делат? Луѓе кои сакаат да ни ја поделат Македонија, не ја даваме, ќе стоиме на браникот секој ден, се побројни. Еди Рама, платеник на Сорос, човек без образ кој не им мисли добро на Албанците во Македонија, ги излажа со Тиранската платформа само за оние да имаат корист. Албанците овде немаат корист, тие немаат друга татковина исто како нас. Македонија е татковина и на Македонците, и на Албанците и на Србите, на Власите, на Турците, на Ромите, Бошњаците, Македонија е татковина на сите“ - рече актерот. 

Тој порача дека не ја даваат Македонија и дека предавничка коалиција нема да помине. 

За претседателот Ѓорѓе Иванов рече дека го добил прекарот железен претседател и дека храбро настапил во однос на Тиранската платформа. 

Иницијативата утре треба да даде предлози за излез од кризата, како што најави. 

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу