Петрушевски: Тепачката од Кочани е план за дестабилизација направен во Дубаи меѓу Заев и Филипче, целта е да се сее страв пред избори

Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2025 13:52
СДС влегува во сериозно смислено сценарио за дестабилизација во Кочани, со цел спас на Венко Филипче, кој има очајно низок рејтинг и на кого му се заканува дебакл на локалните избори, рече на прес конференција Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Вчера јавноста беше сведок на почетокот на планот на Филипче, кој е правен пред месец дена во Дубаи, на средба со Заев. Тоа е периодот кога кажавме дека Венко Филипче шест дена беше тајно во Дубаи.
Советникот на Филипче, Аки Акиов кој вчера повреди вработена во општина Кочани и физички се закануваше на советници, е човек од најголема доверба на Зоран Заев.
Еве фотографија од советникот на Филипче, тепачот од Кочани и Зоран Заев.
Да го погледнеме видеото како советникот на Филилче, удри жена, најјак работник.
Ова ли е иднината која ја нуди Венко Филипче? Тепање и страв?“, рече тој.
Петрушевски додаде дека ова е добро позната тактика на Заев која сега ја применува Филипче, а тоа е внесување на страв и паника кај народот од локални тепачи, кои се закануваат и сеат страв.
„Филипче дословно го спроведува планот на Заев, а како дел од истиот е и декларативното осудување на настанот.
Наместо лицемерни пораки, еве го предизвикуваме Филипче да побара неговиот тепач од Кочани, Акиов да си поднесе оставка од советот во Кочани и јавно да се огради лично тој.
СДС сака да направо хаос во Кочани, каде локални силеџии ќе го плашат народот и држат во грч.
Ова семе на злото кое беше посеано вчера во Кочани, има за цел да покрене лавина на насилие. А како масло на огнот се секојдневните прес-конференции на кои се шират лаги и се лиферуваат пораки на омраза и етикетирање.
СДС се прочитани, а нивниот план е исечен во корен. Филипче е разоткриен.
Прашање: Како ги коментирате ставовите на СДС за изградба на пругата?
Одговор: Прес само колку нешто да кажат. Без докази, без наводи, само гола реторика. Тотално без идејни. Останува дека СДС е партија која е против градба на железница, против градба на болници и други капитални проекти.
Во СДС очигледно има отворен конкурс за пишување соопштенија, а изборот го прави некој што е на одмор или на целодневна седенка во кафеана, или пак постои интерен натпревар за недоветни и чудни кадри на кој често победува истиот човек, секако со врски и додворувања кај двоецот што го води СДС, Заев Венко. Не сме зачудени што нема сдсмовец кој не се срами од неговата партија и раководството заради што во континуитет ни приоѓаат со изрази и една реченица, на кое дереџе падна ова СДС“, истакна тој.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Првата антикорупционерка Татјана Димитровска оддавала службени тајни, a испитите за безбедносниот сертификат ѝ ги полагал колега

ВМРО-ДПМНЕ: Се потврди фактот дека СДСМ и Филипче немаат кандидат за Скопје

Помеѓу два пожари, животот тече: Стојанче Ангелов го слави роденденот на сопругата

БУГАРСКИ МЕДИУМ ТВРДИ ДЕКА МИЦКОСКИ АПЛИЦИРАЛ ЗА БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО: За ВМРО-ДПМНЕ ова е пропаганда

OJО: Предметот за пожарот во “Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје

Зоолошка градина Скопје: Недоразбирање меѓу нашите шимпанза резултираше со тоа што Коко си ја повреди ногата

ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА: Констатирано е дека болницата Козле нерационално ја користи водата за пиење

Коњановски: Човек сум и јас можам да погрешам, а за сообраќајниот прекршок си платив
