ПЕТТА ПРИНОВА КАЈ ПРАТЕНИКОТ МИЛОШОСКИ - малиот Филип внесе радост во семејството
Објавено во: Македонија 05 Април, 2020
Пратеникот Антонио Милошоски го доби своето петто детенце.
Големата радост тој ја сподели на својот фејсбук профил.
„Драги пријатели, во ова тешко време за Македонија, нашето семејство посведочи една прекрасна благовест. Тивката Недела ни ја разубави бебешкиот плач на новородениот Филип, синот на храбрата мама Симона, најмалото братче на Илина, Михаела, Дариа и Давид Милошоски. Малку зборови има за да опишам колку сум радосен и возбуден како татко!“, напиша пратеникот.
Дај Боже, вели тој, што поскоро да го пребродиме заедно ова невреме и со таа мисла на сите Ви пожелувам многу здравје, и радосни вести за Вашите семејства и најблиските.„Благодарни сме многу на Д-р Филип Вановски (Хистера) и Д-р Златко Палчевски (Систина) и неговиот тим!“, пишува Милошоски.