24 Април, 2024
0.0255

Петто годишно истражување за бизнис опкружувањето - Бидете дел од најголемата проценка на бизнис средината

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива, петта година по ред ќе го спроведе анкетното истражување за бизнис опкружувањето во Северна Македонија.

Годишната проценка на деловната клима прерасна во најрелевантното и најопфатното домашно истражувања во кое учествуваат компаниите од сите сектори.

„Со цел да добиеме релевантни податоци за условите за водење бизнис во 2020 година ве покуваме да учествувате и вие како дел од компаниите во Годишната проценка на бизнис опкружувањето и со вашите одговори да придонесете во годишниот извештај“ посочуваат од Проектот. 

Доколку сакате да го добиете прашалникот испратете е-маил на contact@epicentar.mk.

Со заокружен број од 5 истражувања ќе бидат на располагање податоци за изминатиот петгодишен период со што ќе може да се следат трендови за состојбите со бизнис регулативата, инспекцискиот надзор, даночната политика, работните односи, јавните набавки и регулативите во градежништвото, текстилот, туризмот и угостителството, животната средина, земјоделството, ИКТ индустријата, и итн.

За да го пополните прашалникот кликнете тука.

Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива го спроведуваат Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори. Проектот е поддржан од УСАИД, а го имплементира ЕПИ ЦЕНТАР.


Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска