ПИОМ се откажа од 17 нови вработувања
Објавено во: Економија 19 Февруари, 2019
Фондот за пензиско-инвалидско осигурување се откажа од планот за 17 нови вработувања по распишувањето на претседателските избори.
Директорот Шаип Зенели донесе решение за запирање на постапката за селекција на кандидати за вработување на опредлеено време. Со тоа огласот објавен на 8 февруари повеќе не е во важност.
- Во меќувреме отпочна постапка за подготовка на нов акт на систематизација, поради што може да се појават неусогласености помеѓу работните места за чие пополнување е објавен јавен оглас и новосистематизираните места - гласи образложението на ПИОМ.
Претходно, голем број на јавни институции објавија огласи за бројни вработувања на определено и неопредено време со оправдување дека тоа се прави поради тоа што долго време не ќе имаат можност за тоа во екот на изборите.