Пирати нападнаа брод во Камерун и го киднапираа екипажот
Објавено во: Свет 16 Август, 2019
Пирати киднапирале брод во Камерун.
Лица во подрачјето на пристаништето Дуала во Камерун вчера го нападнале бродот „Мармалајта”. Меѓу грабнатите членови на екипажот тројца се руски државјани, јавија светските агенции.
Станува збор за брод на данската компанија „Ултрабалк”, што пловел под знамето на Антигва и Барбуда, соопшти камерунското Министерство за внатрешни работи, а пренесе Тасс.
Руските дипломати соработуваат со камерунската Влада и данската поморска компанија за да го овозможат брзото ослободување на грабнатите морнари.
Се води истрага за нападот, а се претпоставува дека напаѓачите се нигериски гусари.