25 Април, 2024
0.0314

ПИШТОЛОТ СО КОЈ Е УСМРТЕНА ЈАНЕСКА БИЛ НА ФИЛИПС: Тој одбил да биде прегледан од патолог

Објавено во: Стил 07 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Првичните информации за смртта на славната бизнисменка Маја Јанеска, девојка на тајкунот со цигари Кајл Филипс, сугерираат дека таа си го одзела животот, а понатамошната истрага, како што објавува News24, утврдила дека пиштолот со кој е нанесена прострелна рана во главата на жртвата бил во сопственост на Филипс.

Тој допрва треба да даде изјава во полиција. Според извори на медиумот, Филипс одбил да биде прегледан од државниот патолог задолжен да ја спроведе обдукцијата на Јанеска, и буквално додека разговарале за понатамошните чекори тој „се опколил со своите телохранители“.

Обидите на патологот да го испита Филипс биле насочени кон утврдување дали тој имал одбранбени рани на телото.

Се верува дека полицијата можела да спроведе тестови за остатоци од барут од огнено оружје на оние кои биле присутни кога починала Јанеска, аова го вклучува Филипс, бидејќи тој бил присутен во спалната соба кога се случила трагедијата.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган