ПИСМО ДО ЧЛЕНОВИТЕ: Заев порачува дека нема скршнување од патот на победата
Објавено во: Македонија 15 Декември, 2019
Премиерот Зоран Заев во писмо упатено до членовите на Социјалдемократскиот сојуз, им порачува дека на следните избори неговата партија има обврска да „обезбеди да победи напредокот“.
Се наведува дека само тој избор е победнички.
„Секој друг избор е пораз. Многу направивме, сите заедно, а имаме уште многу што да направиме. Затоа нема скршнување од патот на победата. Ако некогаш напредокот ви се чини бавен, тоа е затоа што е реален. Градиме на здрави темели, за да трае“, се вели во писмото на премиерот до членовите на партијата.
Победата, како што пишува Заев, бара посветеност, усогласеност и дисциплина.