25 Април, 2024
0.0348

Питер Ван Хут за СЈО: Политичарите направија хаос, владеењето на правото со брзина надолу

Објавено во: Македонија 17 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Читајќи го она што се случува со Канцеларијата на специјалниот обвинител во Северна Македонија, можам само да заклучам дека владеењето на правото повторно се спушта со голема брзина надолу, вели Питер Ван Хут во статус објавен на својот фејсбук профил.

„Што и да се случило во СЈО, важно е да се зпрат сите шпекулации и да се дозволи редовното Обвинителство да ја заврши својата работа. Ако постоела злоупотреба на позицијата на моќ, сите луѓе кои биле вклучени треба да бидат осудени. Но запрете ги гласините, пишува Ван Хут.


Тој прашува зошто сево ова сега наеднаш излегува на површина и кој стои зад сето ова.

„Дали Катица Јанева допре до одредени луѓе кои веруваа дека се недофатливи и над законот? Како одговор на прашањето „кој има интерес за тоа да се случи", можам да дадам долга листа со имиња, но тоа нема да и помогне на земјата да оди напред. Сепак, едно е јасно: политичарите целосно ја замешаа работата. Наместо да гарантираат непристрасна и независна правда, политичарите од сите партии продолжија со своите лични борби и ја заборавија важноста на правилното спроведување на основните демократски принципи, како што се поделбата на власта и потребата за независно судство. Тоа само докажува дека има долг пат до таму. Можам само да се надевам дека денес и утре, уште еднаш граѓанското општество ќе се разбуди и ќе побара да се почитуваат основните демократски вредности во секое време, дури и од политичарите. И конечно, што и да се случи, истрагите во прислушувањата треба да продолжат. Тоа е товарот од минатото, но никој никогаш не треба да заборави што се случило и да се осигура дека оние што биле вклучени во него, вклучувајќи го и Груевски, се правилно гонети и евентуално осудени. И ЕУ и г-дин Орбан треба да бидат свесни дека не може да му се даде азил на таква личност, додава Ван Хут. 


Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг