23 Април, 2024
0.0249

Пивото има и многу корисно дејство, покажува ново истражување

Објавено во: Стил 15 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Група на научниците од Центарот за биологија на храната и Институтот за криобиологија и хранливи технологии подолго време го истражуваше влијанието на пивото, особено на оние видови на пива кои се специфични за помало производство со експериментални или стари рецепти. Сепак, заклучено е дека непастеризираното и нефилтрираното пиво произведено во фабрички услови е микробиолошки чисто,

Она што ги обединува пивата во оваа категорија е дека основните суровини за производство на пиво се слад, хмељ, пивски  квасец и вода. Овие природни состојки содржат вредни биолошки активни соединенија – антиоксиданси, секундарни метаболити со антибактериско, антивирусно и антиинфламаторно дејство, фитоестерогени, минерали и други корисни состојки. 

Научниот проект за прв пат вклучува компаративна анализа на микробиолошките карактеристики, чистота и антиоксидантниот капацитет на непастеризираното, нефилтрираното “Крафт” пиво кое покажува се поголема популарност меѓу младите потрошувачи.

Заклучокот е резултат на двегодишни студии на квалитетите и индикаторите за нефилтрирани и непастеризирани брендови пиво, при што се смета дека овие видови на пиво може да имаат позитивно дејство, секако доколку не се претера со пиењето како и кај секој друг вид на алкохол. 



Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган