24 Април, 2024
0.0259

Плачевме цела ноќ, ни недостигаш: Претажно писмо на девојче кое ја моли мајка си да не ги остава со братчето

Објавено во: Стил 26 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Мајката која ги оставала и заклучувала своите деца дома за да оди да пие и да се дрогира е поштедена од затвор. На суд се прочитани срцепарателни пораки од нејзината деветгодишна ќерка, кој морала да се грижи за својот двегодишен брат.

При една прилика девојчето излегло низ прозорецот со своето братче и ги повикало соседите за помош.

Некои од пораките гласат:

-Цела ноќ плачевме за тебе и навистина сум загрижена.-

-Мамо, каде си? Ми недостигаш. Плачев и сум вознемирена. Разбуди ме кога се вратиш, Фала мама-.

Девојчето оставило уште една порака во која рекла дека го однела братчето во куќата на нивната тетка. Кога децата стигнале во куќата на роднините имале висока температура а девојчето било гризнато од болва. 

Башир Ахмед, обвинител на овој случај, рекол дека таа жена била „грижлива мајка“ се до распадот на односите со таткото на децата 18 месеци пред крвичните дела.

Опишувајќи ги прекршоците на судењето во Кралскиот суд во Лидс (Западен Јоркшир) обвинителот рекол дека мајката и кажала на ќерката дека ќе ја „тестира“ следниот ноември минатата година.

„-Ги оставила децата заклучени во куќата без средства за комуникација. Во куќата немало фиксен телефон, а ниту мобилен. Не била таму кога се разбудиле децата-“

Во еден момент девојчето напишало порака: 

„-Одам горе во кревет бидејќи не можам да ги држам отворени очите. Јас и брат ми те сакаме. Многу ни недостигаш. Можеш ли да не разбудиш кога ќе се вратиш. Цела ноќ плачевме и навистина сум загрижена.“

На судот е кажано и дека девојчето останало без хартија и дека продолжило да пишува на работната маса и тоа со кармин.

„-Те молам дојди горе во кревет со нас.“

Бидејќи мајката не се вратила дома ни два дена подоцна, девојчето излегло низ прозорот со својот брат за да ги предупреди соседите. Повикана е полиција која ја нашла куќата во „неред“.

Мајката е осудена на осум месеци затвор, а казната е суспендирана на две години и ѝ е наложено да учествува во 20-дневен програм за решавање на нејзиниот прекршок.

Жената се изјаснила виновна за четири кривични дела на занемарување на децата.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган