24 Април, 2024
0.0269

План на исхрана со функционален јогурт од Александра Пренџова, нутриционист и технолог по исхрана

Објавено во: Мои пари 07 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Здравиот и балансиран режим на исхрана е нешто што треба да се практикува секојдневно доколку сакаме да бидеме, пред сè, здрави, но, секако, и фит. Доколку во текот на годината понекогаш и си дозволуваме помалку здрава храна, тоа е во ред. Но, во екот на пролетта и во пресрет на летото се случува сите активно да почнеме да размислуваме на витата линија.


Без оглед за кој режим на исхрана ќе се одлучите, особено е важно тој да биде избалансиран, со присуство на избалансирано количество протеини, јаглехидрати, полезни масти и изобилство од свежа храна и течности.

Дополнително, знаеме дека функционалните јогурти што содржат природни пробиотици природно влијаат врз нашиот дигестивен систем. Затоа, Александра Пренџова, која е дипломиран нутриционист и технолог по исхрана, ви препорачува 28-дневен режим на исхрана на база на природен пробиотски јогурт што е наменет за подобрување на работата на дигестивниот тракт и цревната микрофлора, здраво намалување на вишокот килограми, како и постигнување севкупен баланс во телото преку прочистување и детоксикација со храна во циклус од 4 недели.


Целосниот режим на исхрана е достапен на овој линк и е составен од 3 внимателно искомбинирани оброци на ден, како и една дополнителна ужинка, така што со овој план на исхрана вие не само што ќе го доведете организмот во совршен баланс и ќе ги намалите килограмите, туку и ќе се чувствувате полни со енергија и ќе бидете сити.

Главната состојка на која се базира режимот на исхрана се функционалните производи Баланс+, за кои е докажано дека воспоставуваат рамнотежа во дигестивниот систем. Клиничките истражувања спроведени во КБЦ „Бежаниска коса“ потврдуваат дека овие производи го регулираат варењето по само 10 дена редовно користење, затоа што содржат комбинација од пробиотици и пребиотици, кои поволно влијаат врз дигестивниот тракт, го поттикнуваат варењето и метаболизмот го прават поактивен.

Во секој случај, пред да започнете со применување на овој режим, нутриционистот Александра Пренџова препорачува неколку правила до кои треба да се придржувате доколку сакате да имате ефект:


1.  Задолжително треба да се пијат доволно течности во текот на денот – миниум 3л. Тоа може да биде вода, билни чаеви или вода со лимон. Треба да се избегнува вода со оброкот и непосредно пред и по него, бидејќи со водата ја разредуваме киселината што ја вари храната во желудникот и го отежнуваме процесот на дигестија.

2.  Кафето се пие без шеќер, дозволено е во текот на целиот ден, но не повеќе од 3 кафиња дневно. Потребно е да се избегнува пиење кафе доцна навечер.

3.  Вечерата треба да заврши најдоцна до 20-21 часот, односно треба да има минимум два часа помеѓу вечерата и легнувањето, со цел да не се преоптовари дигестивниот систем навечер.

4.  Храната треба да се соџвака убаво, полека и без брзање, со цел да се ослободат ензимите што се потребни за да ја сварат. Со јадењето полека до мозокот стигнува навремена информација дека сме сити, со што се избегнуваат прекумерно јадење и прејадување.


5.  Храната треба да се јаде свежа, готвена на пареа, динстувана (готвена во вода и масло во сад поклопен со капак), печена во рерна, на плотна, во тефлонски сад или во алуминиумска фолија. Треба да се избегнува подгревање и долго готвење на храната. Исто така, не се препорачува пржење во многу масло на високи температури.

6.  Физичката активност е добра за стимулација на мускулното ткиво, со што се овозможува подобро искористување на храната и подобро топење на масните наслаги. Освен тоа, физичката активност го потпомага целиот систем да работи добро, стимулира чувство на олеснување и среќа. Физичката активност не треба да биде непосредно по земањето оброк, со цел да не се оптоварува телото. Вежбајте минимум два часа по некој оброк. Ова не важи за ужинката.

7.  Најдобро е денот да се започне со една голема шолја млака вода и по извесно време може да се појадува. Се препорачува кафето да не се пие на празен стомак, бидејќи ја намалува активноста на дигестивниот тракт, дава лажно чувство на ситост и го забавува метаболизмот. Препорачливо е еден ден да има 3 главни оброци и една ужинка што може да се зема помеѓу појадокот и ручекот или помеѓу ручекот и вечерата.

Па, доколку се одлучивте да направите нешто за себе, нам не ни останува ништо друго освен да ве охрабриме да го следите линкот и да го започнете планот на исхрана уште денес. Ќе бидете благодарни!


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка