Планираат да ја крстат Атиџе - прва принова годинава во скопската зоолошка градина
Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2020
Вчера бил убав ден за скопската зоолошка градина. Мајмунката од видот патас добила младенче, за кое вработените од Зоолошката градина Скопје напишаа дека се пресреќни, и дека ако е женско, ќе го крстат Атиџе.
„Навистина убав ден- Honeyland на Оскари, а во Зоо Скопје се роди првото бебе годинава. Мајката патас и бебето се добри, а ние сме пресреќни и за нив и за Оскарите
п.с Ако е женско, ќе си го крстиме Атиџе- по добрата душа и главна протагонистка во филмот, која ја сака природата и се грижи за сите живи суштества“, напишаа на фејсбук вработените од скопската зоолошка градина.