ПЛАНТАЖИ БАРААТ РАБОТНИЦИ: Потребни се 800 сезонци
Објавено во: Финансии 16 Јули, 2018
На плантажите во Црна Гора се бараат сезонци за бербата на грозје која ќе почне наскоро, а еден работник може да заработи дневно по 30 евра.
„Кога станува збор за грозје, просечен работник може да набере по 60 до 70 гајби. Во гајба има по седум килограми, и тие се плаќаат 40 центи, така што просечната заработка е 25 до 30 евра, но има и некои работници кои ќе наберат повеќе“ - вели Симо Бољевиќ, координатор за овошно производство.
Бојан Бубања од Беране со оваа работа се занимава по 10 години, и раскажува дека во просек заработува по 25 евра.
„Во просек берам по 40 гајби на ден, но ако е добар денот и ако ме послужи расположението, можам да наберам и 60 гајби, при тоа заработката не е лоша. Малку пречат жештините, но ние сме навикнати. Имаме два оброка дневно и сместување, но немам забелешки“- вели работникот.
На плантажите се берат веќе праски, но тоа го прават домашни работници. За берба на кардиналот се очекуваат луѓе и од соседните земји.