29 Ноември, 2021
0.0268

Пластични кеси: Ќе чинат 15 денари, но дали навистина ќе бидат биоразградливи?

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2021

Кесите кои сега се достапни на пазарите, иако се декларирани како биоразградливи, сепак се далеку од тоа. Иницијативата „Стоп за пластични кеси“ вели дека станува збор за вообичаени пластични кеси со адитиви. Овие леси и понатаму ќе предизвикуваат голема штета на животната средина со распаѓање во микро-пластика, предупредуваат од иницијативата. Од 1 декември ќе може да се купуваат само такви во малопродажбата, но ќе чинат 15 денари.

Државата сепак очекува лесите да бидат навистина биоразградливи, а не само декларативно, според европските и светските стандарди и со тоа многу помалку да ја загадуваат животната средина 

„Пред се превенцијата од отпадот мора да биде на врвот, да се користи што е можно помалку пластични кеси и на тој начин да се заштити животната средина“, вели Снежана Василевска од иницијатива „Стоп за пластични кеси“.за Алсат ТВ.

Според Василевска, опцијата за купување кеси за 15 денари ќе ги обесхрабри граѓаните да пазарат со торби токму поради цената. Таа смета дека ова не е да се наруши животниот стандард на граѓаните, туку да се промени навиката и да се пазари за подобра средина. Сепак, некои од граѓаните ќе продолжат да купуваат со пластични кеси, додека други велат дека ќе користат торби.

Од 1 декември стапува на сила забраната за употреба на пластични кеси, со опција за купување биоразградливи за 15 денари. Употребата на пластика за пакување храна, исто така, ќе биде забранета во хотели, како и во заштитени подрачја како што се Шапка, Маврова, Пелистер и Галичица.


Можеби ќе ве интересира

Кире Наумов е реименуван за главен извршен директор на Развојна банка

Кире Наумов е реименуван за главен извршен директор на Развојна банка

Германија ја има најголемата инфлација по скоро три децении

Германија ја има најголемата инфлација по скоро три децении

Работници, очекувајте исплата на К-15

Работници, очекувајте исплата на К-15

СОСТОЈБАТА СО СТРУЈАТА Е АЛАРМАНТНА, ЦЕНИТЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА ПЕТ ДО СЕДУМ ПАТИ - комората бара државата да го зголеми домашното производство

СОСТОЈБАТА СО СТРУЈАТА Е АЛАРМАНТНА, ЦЕНИТЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА ПЕТ ДО СЕДУМ ПАТИ - комората бара државата да го зголеми домашното производство

Поевтинување на бензините, цената на дизелот останува иста

Поевтинување на бензините, цената на дизелот останува иста

Опозицијата со реакција: Интервентниот фонд е наш амандман прифатен од власта

Опозицијата со реакција: Интервентниот фонд е наш амандман прифатен од власта

КАКО СО „МАЛАТА“ ТАЊА СОЗДАВАМЕ „ГОЛЕМ БИЗНИС ПАЗАР“

КАКО СО „МАЛАТА“ ТАЊА СОЗДАВАМЕ „ГОЛЕМ БИЗНИС ПАЗАР“

Враќање на отпишаните: Kако ТЕЦ „Неготино“ од ладна резерва стана златна резерва?

Враќање на отпишаните: Kако ТЕЦ „Неготино“ од ладна резерва стана златна резерва?

ЕСМ ќе купува милион тони јаглен до крајот на следната година

ЕСМ ќе купува милион тони јаглен до крајот на следната година