25 Април, 2024
0.0297

ПЛАТА ОД НАД 840 ЕВРА ВО НОВИ КОМПАНИИ ВО ЗОНИТЕ: Деспотовски - се преговара за три големи енергетски инвестиции

Објавено во: Економија 14 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Постигнати се договори за инвестиции во зоните кои во 2022 година треба да надминат сума од 188 милиони евра, а од кои треба да се отворат нови 2.700 работни места, информираше денеска Јован Деспотовски директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ) на прес конференцијата на која ги презентираше резултатите од постигнатото и идните планови. Вели дека договорите се обезбедени со паметен пристап, а она што радува е што тие вработени ќе имаат плата во компаниите од 843 евра во просек. 

Според анализата само со овие нови инвестиции до 2025 година во ТИРЗ ќе има раст од 19 отсто на бројот на вработувања, на над 16.000, раст на приходите кај компаниите за 100 отсто, односно за 3,2 милиони евра, а во следните 10 години во буџетот на годишно ниво ќе се слеат дополнителни 150 милиони евра, што е за речиси 400 отсто повеќе споредено со 2020 година.

Деспотовски најави и дека во напредна фаза на преговори се дополнителни инвестиции од близу 300 милиони евра. 

Информирајќи за 2021 година Депотовски рече дека економските активности во ТИРЗ во 2021 година се највисоки досега од постоењето на зоните, а со новиот концепт за привлекување на инвестиции воведен пред една година се постигнати договори од речиси 190 милиони евра. Од технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) во изминатата година се извезени производи во вредност од досега рекордни над три милијарди  евра што е за 6,5 проценти повеќе во однос на 2019 година и околу 15 проценти повеќе од 2020 година.

„Овие бројки јасно укажуваат дека економијата не само што го надмина пандемискиот период туку бележи серозен раст. Очекувам трендот на раст да продолжи со оглед на тоа што дел од компаниите со кои потпишавме договори годинава веќе ќе започнат со производство и работа, така што очекувам и сегашното рекордно ниво да биде надминато веќе во 2022 година, “ изјави Деспотовски

ТИРЗ годинава има спроведено и неколку нови проекти меѓу кои и старт на новиот Зелен стратешки инвестициски фонд кој треба да поттикне „зелени“ инвестиции од 750 милиони евра, а за кој веќе се изготвени три конкретни проекти во енергетскиот сектор. Воведен е и нов систем за грижа на корисници кој нуди персонализирана поддршка на компаниите а преку кој веќе се процесуирани над 3000 нивни барања. Исто така спроведена е измената на Упатството за оправдани инвестициски трошоци која за првпат е изработена од меѓународна ревизорска куќа и во соработка со компаниите, а Воведен е и модел на надворешен мониторинг на реализација на обврските од договорите со инвеститорите (од страна на реномирана ревизорска куќа).

„Со новото упатство како и со воведениот надворешен мониторинг на договорите за државна помош јасно се заштитуваат интересите на државата, за компаниите се воведуваат прецизни правила на функционирање,“ рече Деспотовски.

Деспотовски најави и дека во 2022 ќе се реализираат повеќе иницијативи, меѓу кои воведување на програми за домашни компании, заедно со меѓународната корпорација ИФЦ наменети за технолошко унапредување и можност за вмрежување на домашните компании во синџирот на набавки, потоа програма за поттикнување на раст на продуктивностнаменета за развој на вештини и поттикнување на продуктивноста на работниците и компаниите, нова програма #Добра работа со цел поттикнување на раст на добро платени работни места во компаниите во ТИРЗ како и поттикнување на поголема мобилност на трудот во националната економија како и нова кампања за презентација на инвестициски можности  во странство со цел  поттикнување на инвестиции со фокус кон сите индустрии под мотото #Растеме заедно.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст