29 Март, 2024
0.0283

Платена комунална сметка или штедна книшка: Законот за државјанство пред пратениците, доби европско знаме

Објавено во: Македонија 22 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Или извод од матична книга на родени, или свидетелство, доказ за платен данок или пак платени комунални сметки. Доколку обезбедите барем еден од овие документи можете да бидете државјанин на Македонија. Може да се приложи и само платен данок на приход од некој имот или данок од авторски права во земјава. Предлог законот кој веќе денес е пред пратениците се носи по скратена постапка и доби европско знаменце. Точно се наброени сите документ кои се потребни, ама треба да се приложи само еден и да биде доволен за државјанството на Република Северна Македонија. 

Предлагачот на законот наведува дека со него треба да се реши статусот на луѓето од поранешните југословенски републики кои до денот на прогласување на независноста живееле во земјава. Тие ќе треба да добијат државјанство во рок од три години по стапувањето на законот во сила.

Доказите може да се достават во оригинал или копија и да бидат заверени на нотар. Се предвидува започнатите постапки за државјанство кои до стапување на овој закон не се завршени да се решат по новиот закон.

Предлог-законот еднаш ставен во собраниска процедура го блокираше Левица, но мнозинството реши и на овој закон да му стави европско знаме и да го носи во скратена постапка.

Еве што точно пишува во одредбите:

Во рок од три години од денот на влегувањето во сила на овој закон  на државјанин на друга република на поранешната СФРЈ и државјанин на поранешна СФРЈ кои до 8 септември 1991 година, односно до времето на прогласување на независноста на Република Македонија живееле на територијата на Република Македонија, се стекнува со државјанство на Република Северна Македонија по сила на овој закон,  доколку поднесат барање до надлежен орган и кон барањето приложат најмалку еден од следниве документи во оригинал или копија заверена на нотар издаден од орган или правен субјект во Република Македонија во периодот утврден во овој став  и тоа:

1)  извод од матичната книга на  родени;

2)   доказ за завршено учебна година  (свидетелство, уверение или диплома);

  3) доказ за заснован работен однос со М1 / М2 образец;

4) работничка книшка;

5)  доказ  за платен данок согласно законските регулативи кои во тој период  важеле во Република Македонија,односно доказ за платен:

- данок од личен доход на работниците;

- данок од личен доход од вршење земјоделска дејност;

-данок од личен доход од самостојно вршење на стопанска и професионална дејност;

-данок од надоместок од авторски права, патенти и технички унапредувања;

-данок на приходи од имот и имотни права;

- данок на имот и

- данок на наследство и подарок;

   6) одлуката на даночниот обврзник од страна на Управата за јавни приходи;

  7) доказ за платена сметка за следниве услуги:

- електрична енергија,

- греење,

- вода,

-телефонски услуги;

  8) патна исправа (пасош) издадена од поранешната СФРЈ или РМ;

  9) лична карта издадена од поранешната СФРЈ или РМ;

  10) лична карта за странци;

  11) здравствена книшка;

  12) извештај, потврда, отпусно писмо или друг документ со кој се докажува  извршено  лекување  во јавни здравствени установи во Република Македонија;

  13) поседовен или  имотен лист на име на барателот;

  14)  штедна книшка за депонирање на заштеди во банка (правно лице) основана од  Република Македонија согласно закон;

  15) други докази издадени од надлежни државни органи  со кои ќе се потврди  постојаното живеалиште на територијата на Република Македонија и

  16) сведителствата кои се издадени од 1991 до 1998 година за лицата  родени од 1984 година до 1991 година.

Македонското здружение на млади правници како организација која повеќе од 10 години работи на намалување и искоренување на бездржавјанството во Република Северна Македонија, достави барање до претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери за итно свикување на јавна седница на која ќе се произнесе стручната јавност.

„Сметаме дека начинот на кој што е формулиран предлог законот е непрецизен и не го решава во целост проблемот на лицата без државјанство кои се заштитени согласно меѓународното право и конвенциите наведени како извори за донесување на овој закон, а дел од предложените решенија се спротивни на текстот на овие конвенции, стои во нивното соопштение.


Можеби ќе ве интересира

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор