20 Април, 2024
0.0255

Платежни сметки со основни функции за сите граѓани: Законски новини

Објавено во: Финансии 05 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Влез на нови даватели на платежни услуги, пред сè од ФинТек секторот ќе се овозможи со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, кој од денеска е поставен за јавна консултација на Единствениот национален регистар за прописи – ЕНЕР, соопшти Министерството за финансии. Со него ќе се придонесе кон либерализација на пазарот на платежни услуги, а ќе се поттикне дигитална трансформација на постојните учесници на пазарот.

Законот, на чија поготовка работеа тимот на Министерството за финансии заедно со тимот на Народната банка, во консултации со банкарскиот сектор и другите засегнати страни, ќе обезбеди и повисоко ниво на заштита на правата на корисниците на платежни услуги.

Во рамки на овој закон, чија примена се очекува од почетокот на следната година, се предвидува и воведување платежна сметка со основни функции, која ќе може да ја отвори секој граѓанин. Отворањето на сметката како и неколку основни платежни услуги, за ранливите категории ќе биде бесплатно, со што ќе се подигне степенот на финансиската инклузија за која се залагаме.

Новиот Закон за платежни услуги и платни системи ќе придонесе кон одржување на ефикасен, сигурен и стабилен национален платен систем, подготвен за негова понатамошна платежна интеграција со платежната инфраструктура на ЕУ и пошироко.

Законот треба да се применува од другата година


Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин