29 Март, 2024
0.0235

„Платформа 2020“ за зголемување на соработката меѓу образованието и приватниот сектор

Објавено во: Мои пари 11 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Во просториите на СЕТУ Михајло Пупин во Скопје беше потпишан меморандум за соработка меѓу ова училиште и едни од водечките македонски компании. На веќе започната иницијатива од страна на ЕВН се приклучија уште пет други компании кои со потпишување на „Платформа 2020“ ја официјализираа соработката со ова училиште која ќе придонесе за унапредување на квалитетот на учењето преку работа. Целта на ова партнерство е да се зголеми вклученоста на приватниот сектор во промовирање на средното стручно образование во земјата. Тоа значи дека во иднина приватниот сектор ќе биде инволвиран во создавањето на наставните програми според барањата на пазарот и директно ќе ја поддржува практичната настава и феријалната пракса во компаниите. Преку ваквата размена на искуства меѓу образовните институции и приватниот сектор се постигнува создавање на квалитетни кадри, образувани според европски стандарди. Придобивките од овој начин на соработка се обострани. Учениците добиваат соодветно, практично образование и стекнуваат непроценливо работно искуство во компаниите уште пред завршување на своето образование. Со тоа нивните шанси за вработување во иднина значително се зголемуваат, а компаниите од друга страна добиваат високо квалитетни кадри според нивните потреби, кои се веднаш подготвени да се вклучат во работниот процес.

Како лидер на платформата, ЕВН овој начин на поддршка на образованието го започна со проектот „20-20-20“, преку кој веќе две генерации ученици следат настава во посебната ЕВН паралелка и посетуваат практикантска работа во компанијата. На најдобрите од нив по завршувањето на средното образование, ЕВН им нуди можност за вработување и градење на кариера во компанијата. 

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија