ПЛАТИ ВО ЕУ: Eдна држава го зголемува минималецот на 900 евра
Објавено во: Економија 21 Октомври, 2018
Минималната плата во Шпанија ќе биде зголемена за 22% и ќе изнесува 900 евра од досегашните 736 евра.
Ова ќе се случи ако биде усвоен буџетскиот план за идната година.
Ова е многу важен чекор за буџетот на Шпанија за 2019 година и најголемо зголемување на минималната плата во изминатите 40 години.
Шпанската малцинска социјалистичка влада се договори со левичарската Подемос за зголемување на минималната плата и зголемување на даноците за најбогатите.
Највисоката минимална плата во ЕУ е во Луксембург и изнесува 1.687 евра.
Шпанија е на осмата позиција.