Платил над 35 милиони долари: Кој е Бугаринот што си го купил највредниот имот во Беверли Хилс
Објавено во: Балкан 23 Април, 2019
Еден човек со бугарскo имe го купил еден од најпродаваните имоти во Беверли Хилс. Договорот е за повеќе од 34 милиони долари и е највредниот во 2019 година.
Името на купувачот не се открива а бугарските медиуми пренесуваат дека правното лице кое го стекнало имотот, е поврзано со личност по име Христо Христов. Целосните иницијали се совпаѓаат со оние на познат трговец на оружје. Информациите не се официјално потврдени.
Областа на целиот имот е речиси 4 декари, а во објектот има седум спални соби, тавани на висина од 8 метри, како и контролиран од компјутер 25-метарски водопад.
Изградбата на куќата била завршена во 2014 година. Почетната цена на имотот беше објавена на 55 милиони долари а по се изгледа дека купувачот направил добра зделка.