ПЛАТИТЕ ПОРАСНАЛЕ: Најмногу заработуваат програмерите

Објавено во: Економија 19 Ноември, 2019
Во септември, просечната плата изнесувала 25.435 денари.
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата има раст од 4,4 отсто во однос на септември минатата година.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: транспорт и складирање за 8,8 отсто, административни и помошни услужни дејности за 7,9 отсто и дејности на здравствена и социјална заштита за 7,3 отсто.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во септември 2019 година, изнесува 37.797 денари.52.420 денари нето земаат вработените во воздухопловен транспорт, 45.240 во информации и комуникации, а во финансиско-услужни дејности,
освен осигурување и пензиски
фондови
42.255 денари. Вработените во секторот компјутерско програмирање,
консултантски и сродни
дејности земаат нето плати од 61.477.
Можеби ќе ве интересира
Да се изгради гасно поврзување Струмица – Петрич, бараат македонските и бугарските бизнисмени

Формирање на регионален енергетски пазар преку подобрување на енергетската поврзаност помеѓу Македонија и Бугарија

УТРИНСКИ ФОКУС: Кои прилепски фирми ги прават најголемите пари

Во Пробиштип денес се отвора инвестиција од 15 милиони евра

НОСАТ ЛИ РИЗИК ПОВИСОКИТЕ ПЕНЗИИ: Светска банка предупредува - може да се поткопа одржливоста на пензискиот систем

Заев ја започнува акцијата „600 илјади багреми“ на автопат

Уште пред да влезе во сила, Законот за пазарџии заврши „неславно“
