Пленковиќ бара Србија да не седи на две столчиња
Објавено во: Балкан 07 Декември, 2022
Хрватскиот премиер Андриј Пленковиќ бара Србија да не седи на две столчиња, односно да се одлучи меѓу Европската Унија(ЕУ) и Русија.
Пленковиќ во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан изјави дека е време Србија, доколку сака да влезе во ЕУ, да ја усогласи својата позиција со ЕУ во областа на надворешната политика. Тој рече дека во подготвената Декларација што ќе биде потпишана по ЕУ-Западен Балкан Самит, обврската на земјите од регионот да ја усогласат својата надворешна и безбедносна политика со ЕУ, пренесува Н1.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ги претстави новите предлози за дополнителни санкции против Русија поради војната во Украина.
На списокот на санкционирани ќе додадат уште околу 200 физички и правни лица. Ова ги вклучува вработените во руските вооружени сили, како и поединечни офицери и компании од одбранбената индустрија, пратениците на Државната дума и Советот на Федерацијата, министри, гувернери и политички партии.
Комисијата предлага уште четири руски ТВ станици да се отстранат од европскиот етер и сите други платформи за емитување. Предложените санкции вклучуваат мерки и против енергетскиот и рударскиот сектор на Русија.