28 Септември, 2024
0.0280

Пленковиќ: Фасцинантно е што земјите како Македонија ги блокираат на патот кон ЕУ, а тие и покрај тоа имаат голем ентузијазам

Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ е зачуден од ентузијазмот кој го има Македонија на патот кон ЕУ, иако доживува блокади. 

„Блокадите се неправедни, создаваат лоша атмосфера. Хрватска сака билатералните прашања да ги решава интелигентно, а не на начин што претставува пречка за преговорите“, рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на прославата на десетгодишнината од влегувањето на Хрватска во Унијата на 1 јули 2013 година.

Вели дека Македонија е во најголемиот проблем и дека е „фасцинантно“ што земјите што го доживуваат тоа сè уште имаат висок ентузијазам кога станува збор за влез во ЕУ.

Пленковиќ нагласи дека руската агресија врз Украина го сменила ставот на старите членки кон проширувањето и дека сега веројатно ќе биде побрзо.

Македонија прво доживеа вето од Франција, а потоа и од Бугарија на патот кон ЕУ. Сега Македонија треба да ги внесе Бугарите во Уставот за да продолжи да преговара со ЕУ. 

foto facebook

Можеби ќе ве интересира

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?