ПЛЕНКОВИЌ СЕ ОБРАТИ НА ПОЛНОЌ: ХДЗ победи на изборите во Хрватска
Објавено во: Балкан 05 Јули, 2020
Државната изборна комисија објави вечерва прелиминарни резултати, според кои владејачката партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ) ќе освои дури 68 мандати.
Врз основа на обработените гласови, опозициската
коалиција на левиот центар Рестарт, предводна од Социјалдемократската
партија (СДП) ќе има 43 мандати.
Десничарското Татковинско движење е трета политичка сила во новиот
состав на Парламентот и освојува 15 мандати.
Андреј Пленковиќ, лидерот на ХДЗ на неколку минути пред полноќ се заблагодари на гласачите.
„Сакам да се заблагодарам нас ите гласачи и тие кои гласаа за нас и тие кои својот глас го дале за другите. Денеска овој резултат е голем и обврзува. Имавме тежок мандат полн со предизвици и стоиме пред уште поголеми, рече Пленковиќ.