ПЛЕНКОВИЌ ВЕРОЈАТНО БИ ВИ ГО ЗЕЛ МИКРОФОНОТ ОД РАКА И БИ ГО ИЗЕЛ - хрватскиот претседател кон новинар
Објавено во: Балкан 18 Јуни, 2021
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, кој е од различна политичк опција со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, денеска при посетата на Вуковар, имаше непријатен одговор кон новинар на N1 телевизија.
Имено, новинарот на телевизијата N1, Иван Хрстиќ, го праша претседателот дали ја прекршува одлуката на Уставниот суд со неговиот став за назначување претседател на Врховниот суд.
„Повторно го узурпирате просторот и времето на другите колеги. Ова оди на вашата телевизија, која наскоро ќе биде укината, бидејќи ХДЗ не сака да го смени законот што ќе ви овозможи да емитувате. Затоа, прашајте го Пленковиќ, кој веројатно би ви го зел микрофонот од раката и би го изел“, рече Милановиќ одговарајќи на новинарското прашање.
Извор и фото: Индекс.хр