07 Март, 2021
0.0212

ПЛИТИДЕПСИН: Шпански лек кој се користел за третман на тумори покажува силна ефикасност во лечење на короната

Објавено во: Свет 26 Јануари, 2021

Шпанската фармацевтската компанија Фармамар денеска објави дека во списанието „Сајанс“ е објавен труд со кој се потврдува дека нивниот лек Плитидепсин поседува „силна предклиничка ефикасност“ во третманот на ковид-19.

Набргу по отворањето на берзата, акциите на „Фармамар“ пораснаа за 13 проценти, на 98,5 евра.

Студијата која ја спровел тим научници од Њујорк, Сан Франциско и Париз покажа дека лекот ја намалува репликацијата на вирусот, што резултира со 99 процентно намалување на вирусното оптоварување во белите дробови на животните третирани со Плитидепсин, објави „Сајанс“.

„Веруваме дека достапните податоци и првичните позитивни резултати од клиничките студии на Фармамар сугерираат дека Плитидепсин треба да се земе предвид кога станува збор за проширени клинички испитувања во третманот на ковид-19“, објави „Сајанс“.

Лекот, кој е веќе одобрен на некои пазари за третман на тумори, го блокира протеинот поврзан со вирусот ковида-19.

Способноста на лекот да предизвика токсични ефекти врз еден орган, на органскиот состав или на повеќе од нив, е добро познат во минатото, а досега спроведените студии покажаа дека пациентите добро го толерираат дозитекои биле користени, објасни компанијата.

Фармамар објави дека е во преговори со разни регулаторни агенции што ќе и овозможат да ја започне третата фаза од тестирањето на лекови.

Извор: Индекс.хр

Можеби ќе ве интересира

ШТО И СЕ СЛУЧИ НА СЛОВАЧКА - болните мораат да ги носат во Полска и Германија, стапката на смртност е највисока во светот

ШТО И СЕ СЛУЧИ НА СЛОВАЧКА - болните мораат да ги носат во Полска и Германија, стапката на смртност е највисока во светот

РЕЗУЛТАТИТЕ СЕ ОХРАБРУВАЧКИ: Компанијата Мерк работи на орален лек против ковид 19

РЕЗУЛТАТИТЕ СЕ ОХРАБРУВАЧКИ: Компанијата Мерк работи на орален лек против ковид 19

Холандски весници: Руски и кинески хакери ја нападнаа Европската агенција за лекови

Холандски весници: Руски и кинески хакери ја нападнаа Европската агенција за лекови

ИМАТЕ ЛИ 500 ДОЛАРИ - повелете да си купите вакцина на црниот пазар

ИМАТЕ ЛИ 500 ДОЛАРИ - повелете да си купите вакцина на црниот пазар

ЈА ДОНЕСОВ ФОТОГРАФИЈАТА БИДЕЈЌИ СУМ ГОРД НА НЕГО - аргентински градоначалник се вакцинираше со слика на Путин

ЈА ДОНЕСОВ ФОТОГРАФИЈАТА БИДЕЈЌИ СУМ ГОРД НА НЕГО - аргентински градоначалник се вакцинираше со слика на Путин

РАДИОАКТИВНА ПРАШИНА СТИГНА ВО ЕВРОПА - 60 години по тестот на атомската бомба дојде како бумеранг

РАДИОАКТИВНА ПРАШИНА СТИГНА ВО ЕВРОПА - 60 години по тестот на атомската бомба дојде како бумеранг

НЕ Е ТОЧНО ДЕКА НАЈЛОШОТО ПОМИНА - СЗО вели дека уште не е време за опуштање

НЕ Е ТОЧНО ДЕКА НАЈЛОШОТО ПОМИНА - СЗО вели дека уште не е време за опуштање

КОНЦЕРТ ЗА ВАКЦИНИРАНИТЕ - како Израел слави што ја добива битката против ковид 19

КОНЦЕРТ ЗА ВАКЦИНИРАНИТЕ - како Израел слави што ја добива битката против ковид 19

Дури кон средината на март СЗО ќе објави податоци за потеклото на коронавирусот

Дури кон средината на март СЗО ќе објави податоци за потеклото на коронавирусот