21 Октомври, 2021
0.1438

ПО 20 ГОДИНИ, КОНЕЧНО НАШАТА ДРЖАВА ЌЕ ДОБИЕ РЕЛЕВАНТНИ И АКТУЕЛНИ ПОДАТОЦИ: Премиерот Заев и неговото семејство се попишаа

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2021

Премиерот Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска обврска и ја спроведе постапката за попишување, информираат од Кабинетот.

 Како што истакна тој, на овој начин тие станаа партнер во овој процес за да може државата, јавните институции, локалната власт и бизнис заедницата врз основа на добиените податоци да обезбедат подобар живот за сите граѓани на Северна Македонија.

„Остануваат уште 4 дена до крајот на најважната и најсложена статистичка операција – Попис на населението, домаќинствата и становите, којашто ја спроведува Државниот завод за статистика. По 20 години, конечно нашата држава ќе добие релевантни и актуелни податоци кои понатаму ќе бидат основа за креирање на реални политики кои во целост одговараат на потребите на граѓаните", рече премиерот Заев.

За оваа операција да биде целосно успешна останува и понатаму апелот, нагласи премиерот Заев, да ги пречекате попишувачите и низ едноставна постапка и за многу кратко време секој граѓанин да го даде својот придонес и со тоа да имаме успешен попис како гаранција за сигурна и предвидлива иднина за сите нас. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев вели дека пораката е примена, добиле жолт картон, но ќе се поправат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев вели дека пораката е примена, добиле жолт картон, но ќе се поправат

Скопје има најмногу, а Демир Капија само еден активен случај на коронавирусот

Скопје има најмногу, а Демир Капија само еден активен случај на коронавирусот

Повозрасна скопјанка настрада при пожар во својот дом

Повозрасна скопјанка настрада при пожар во својот дом

Заев вети дека ќе ги послушаат граѓаните за да не добијат црвен картон

Заев вети дека ќе ги послушаат граѓаните за да не добијат црвен картон

Арсовска и Муцунски претставија проект за ИТ-центар во Општина Аеродром

Арсовска и Муцунски претставија проект за ИТ-центар во Општина Аеродром

Тетовец уценувал сограѓанин дека ќе објави компромитичарки фотографии за што повеќе пати земал пари

Тетовец уценувал сограѓанин дека ќе објави компромитичарки фотографии за што повеќе пати земал пари

Ни претстои неработен ден за сите граѓани

Ни претстои неработен ден за сите граѓани

Уште 487 заразени со коронавирусот и 20 починати

Уште 487 заразени со коронавирусот и 20 починати

Таравари најавува дека Алијанса во Кичево ќе го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски

Таравари најавува дека Алијанса во Кичево ќе го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски